јуни 16, 2026

Јавен настап на кандидат за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија.

На ден 15.06.2026 година во „Кристалната сала“ при Офицерскиот дом во Битола, се одржа јавен настап за претставување на кандидатурата на Д-р Лилјана Ристевска за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија.

На настанот присуствуваа волонтери и вработени во Црвениот крст како и поддржувачи, претставници на јавен и приватен сектор и пријатели на хуманата мисија на организацијата. Кандидатот Д-р Ристевска пред присутните ја сподели Програмата за мандатниот период 2026-2030.

Општинската организација на Црвениот крст Битола ја дава својата целосна поддршка на кандидатурата на Др. Лилјана Ристевска за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија во мандатниот период 2026 – 2030 година, и сигурни сме дека под нејзино водство, националното друштво ќе продолжи да се развива како силна, современа и доверлива хуманитарна организација.

< врати се назад