
Наменски транспорт – Поддршка што Ве носи безбедно до секоја дестинација.
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Битола, од 10.06.2026 започнува со нудење на услугата „Наменски транспорт“, транспорт од домот на корисникот до институција и обратно, наменет за стари лица, лица со попреченост, лица со тешкотии при самостојно движење или на кои им е потребен придружник поради здравствена состојба, во ситуации кои не се животозагрозувачки.
Услугата ќе биди спроведена преку стручно обучен кадар, кој успешно помина 4 обуки за самата услуга, вклучувајки и Обука за Прва Помош, практично ракување со транспортното возило, како и можни сценарија во домовите на корисниците. Општинската организација на Црвен крст Битола, изразува голема благодарност до Christian Diemt претставник на Австриски Црвен крст, како и претставниците од Нега Центарот на Црвен крст на Град Скопје за споделените искуства, како и пренесените знаења за самата услуга.
Наменски транспорт
Безбедно – Сигурно – Со грижа
За вашето здравје







