мај 26, 2026

Наскоро, услуга Наменски Транспорт и во Битола

Н А С К О Р О

🚑 Наменски транспорт – Поддршка што Ве носи безбедно до секоја дестинација.

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Битола, во месец Јуни ќе започне со нудење на услугата „Наменски транспорт“, транспорт од домот на корисникот до институција и обратно, наменет за стари лица, лица со попреченост, лица со тешкотии при самостојно движење или на кои им е потребен придружник поради здравствена состојба, во ситуации кои не се животозагрозувачки.

Услугата ќе овозможува безбедно и достоинствено превозување до здравствени, социјални или административни услуги и истата ќе биде достапна за сите граѓани од општините Битола,Новаци и Могила за потребите на територија на целата држава. Наменскиот транспорт ќе се наплаќа согласно утврдена тарифа.

Наменски транспорт

Безбедно – Сигурно – Со грижа

За вашето здравје

< врати се назад